ШОН ПЕН САКА ПОВТОРНО ВО УКРАИНА Размислува да земе оружје за да се бори против Русија (ВИДЕО)
Актерот во февруари, на почетокот на руската инвазија, отпатува за Украина за да сними документарен филм за ужасните злосторства што се случуваат таму.
Актерот и режисер Шон Пен уште еднаш ја изрази својата поддршка за Украина и изјави дека размислува да земе оружје и да оди да се бори против Русија.
View this post on Instagram
„Единствената можна причина поради која би останал во Украина подолго од минатиот пат е да држам пушка. Веројатно не би носел панцир затоа што сакам да му го дадам на еден од војниците“, додал актерот, кој претходно изјави дека мислел дека Владимир Путин ја направил најстрашната грешка, која ќе ја плати целото човештво.
View this post on Instagram