ШОН ПЕН НЕ ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? „Ова не може да биде легално!“

Новинарот Бен Фриц објави фотографија од Шон Пен со Леонардо ДиКаприо и Кејт Хадсон, со коментар дека тоа „не може да биде легално“. Станува збор за тоа што на фотографијата се гледа Шон Пен како пуши среде големиот настан, доделувањето на Златни глобуси 2026. Во време на вештачка интелигенција, многумина се прашуваат, дали е ова реална фотографија?

805

Шон Пен бил снимен како пуши цигара во салата за време на доделувањето на Златните глобуси, иако пушењето во јавни простори таму, не само што е забрането, туку е и незамисливо.

На фотографијата што ја објави новинарот Бен Фриц, Шон Пен (63) е снимен со цигара во рака додека седи на масата покрај Леонардо ДиКаприо и Кејт Хадсон. Покрај фотографијата Фриц напиша: „тоа не може да биде легално“.

На социјалните мрежи следеа шеги и забелешки дека Пен е познат пушач и дека „кога си Шон Пен, тогаш можеш сѐ“.

Според дел од текстот објавен во Венити фер, додека некој режисер барал место на кое ќе може да пуши, го забележал Шон Пен како пали цигара и пуши точно на своето место во балската сала.

Ова не е првпат актерот да ги игнорира правилата за пушење – претходно пушел и во интервју со Стивен Колбер во 2018 година, како и на Филмскиот фестивал во Маракеш во 2024 година.

 

Сепак, во време на вештачка интелигенција и многу лажни фотографии, многумина се прашуваат и дали е оваа фотографија воопшто автентична или е направена или барем изменета со помош на ВИ.

Поврзани содржини