ШОН ПЕН МУ ГО ПОДАРИ ОСКАРОТ НА ЗЕЛЕНСКИ Врати ми го кога ќе победиш (ВИДЕО)

Ова не е прва посета на Пен на Киев од крајот на февруари: пријавени се три негови патувања во главниот град на Украина и две средби со Зеленски.

309

Американскиот актер и режисер Шон Пен повторно го посети Киев и се сретна со Владимир Зеленски, кому на одредено време му ја подари статуетката Оскар, наведува Зеленски на каналот „Телеграм“.

 







Ова не е прва посета на Пен на Киев од крајот на февруари: пријавени се три негови патувања во главниот град на Украина и две средби со Зеленски.

– Шон ја донесе својата статуетка Оскар како симбол на вербата во победата на нашата земја. Ќе биде во Украина до крајот на војната – се наведува во пораката.

Се додава дека Зеленски, пак, на Шон Пен му врачил Орден за заслуги од трет степен и му се заблагодарил за поддршката и „популаризацијата на Украина во светот“. Исто така, се наведува и дека името на Шон Пен е овековечено на „Авенија на храброста“ во Киев, каде во август беше откриена плоча со името на поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Пен двапати освои Оскар за најдобар актер: 2004 година („Мистична река“) и 2009 година („Харви Милк“) – пренесе РИА.

.

Поврзани содржини