ШОЛЦ СЕ СОГЛАСИЛ НА БАРЕМ 14 „ЛЕОПАРДИ“? Толку тенкови сакаат да испратат и Полска и Британија
Одлуката беше тешка, траеше премногу долго, но на крајот беше неизбежна, изјавила Мари-Агнес Штрак-Зимерман од либерлната партија ФДП за одлуката на германската влада.
Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото, објави германски Шпигел повикувајќи се на владини извори. По меѓународен притисок, г-дин Шолц одлучи да испрати најмалку 14 „леопарди“, велат германските медиуми, пренесува Би-Би-Си.
Сè уште нема официјална изјава од германската влада.
Сепак, Мари-Агнес Штрак-Зимерман од либералната партија ФДП, која претседава со комисијата за одбрана на германскиот парламент, ги поздрави извештаите.
– Одлуката беше тешка, траеше премногу долго, но на крајот беше неизбежна – рече таа, додавајќи дека тоа ќе биде олеснување за „малтретираниот, а храбар украински народ“.
Една тура тенкови обично се состои од 14 тенкови. Исто толку тенкови „Челинџер“ веќе вети и Велика Британија, а толку тенкови „Леопард“ сака да испрати и Полска, но чека одоборение од Германија бидејќи таа е производител.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека околу 300 тенкови Леопард ќе ѝ помогнат да ја победи Русија.