ШОЛЦ ПОРАЧУВА Партиите што не добија поддршка не треба да формираат влада

Како што пренесува „Билд“, пред состанокот, Шолц се изјасни за „семафор коалиција“, која неговата партија би ја формирала со ФДП и Зелените.

248

Кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Олаф Шолц, кој освои најмногу гласови на парламентарните избори, им порача на ЦДУ/ЦСУ и нивниот лидер Армин Лашет дека владата не треба да ја формираат партии кои не добиле поддршка од граѓаните.

– Партиите што не добија поддршка не треба да се обидуваат да формираат влада. Тоа ги делегитимира уште пред почетокот – рече Шолц на Главниот одбор на СПД.






Како што пренесува „Билд“, пред состанокот, Шолц се изјасни за „семафор коалиција“, која неговата партија би ја формирала со ФДП и Зелените.

Тој најави дека ќе разговара за формирање „социјално-еколошки либерална коалиција“ со Зелените и ФДП.

Тесниот исход од парламентарните избори ги комплицираше работите во врска со формирањето на германската влада, но исто така доведе до затегнување на односите меѓу двете најсилни политички сили СПД и ЦДУ/ЦСУ.

Поврзани содржини