ШОЛЦ КОНТРА БАЈДЕН Германско „не“ за ракетите Таурус за Украина

Германскиот канцелар на прес-конференција на самитот на земјите Г20 во Бразил во понеделникот рече дека е можно Украина да користи ракети Таурус само ако „ја преземеме заедничка одговорност за контрола на целта“.

2,806

Олаф Шолц сè уште одбива да ги испрати германските ракети со долг дострел Таурус во Украина и покрај тоа што САД му дозволија на Киев ограничена употреба на своите ракети АТАКМС за напади во Русија, пишува „Дејли Телеграф“.

Германскиот канцелар на прес-конференција на самитот на земјите Г20 во Бразил во понеделникот рече дека е можно Украина да користи ракети Таурус само ако „ја преземеме заедничка одговорност за контрола на целта“.






– Тоа е нешто за што не можам да бидам одговорен и не сакам да бидам одговорен – објасни Шолц.

Роберт Хабек, германскиот министер за економија и кандидат на Зелените за канцелар на предвремените избори во февруари, во неделата рече дека ќе ги испрати ракетите Таурус во Украина доколку победи.

Ракетите „бикови“ имаат поголем дострел (311 милји) од американските АТАКМС (190 милји) или британските „Сторм Шадоу“(155 милји).

Украина во саботата го обвини Шолц дека ја отворил „Пандорината кутија“ затоа што му се јавил на рускиот лидер Владимир Путин првпат по две години.

Поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас коментираше дека Путин го држи Шолц „токму каде што сака“.

Поврзани содржини