📽️ ШОЛЦ И ПАТНИЦИТЕ ЛЕГНАА НА ЗЕМЈАТА Неколкуминутна драма во Тел Авив пред летот за Каиро

Се слушнале детонации. Во воздухот проекили на Хамас биле соборени од страна на израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

3,174

Германскиот канцелар Олаф Шолц веќе бил влезен во авионот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во Израел кога се огласиле сирените. Стигнала наредба сите патници да излезат и да легнат на пистата од безбедносни причини, тврди германски Билд. Веста ја потврди Тајмс оф Израел. Се слушнале детонации. Во воздухот проекили на Хамас биле соборени од страна на израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Весникот пишува дека безбедносните служби го претресле авионот, а по неколку минути на патниците им било дозволено да се качат.






Авионот полетал за Карио.

 

 

Поврзани содржини