ШОЛЦ БАРАЛ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА Вучиќ му говорел за претстојната зима
Канцеларот Шолц на остар начин побара Србија да им се приклучи на санкциите против Русија. Јас говорев за нашите односи со Руската Федерација. Зборувавме и за претстојната зима и му укажав на сите тешкотии со кои се соочуваме - изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција.
Германскиот канцелар Олаф Шолц со посетата на Белград, каде беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, ја започна балканската турнеја.
– Канцеларот Шолц на остар начин побара Србија да им се приклучи на санкциите кон Русија. Јас говорев за нашите односи со Руската Федерација. Зборувавме и за претстојната зима и му укажав на сите тешкотии со кои се соочуваме – изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција.
Тој додаде дека Шолц бил мошне љубезен и фер и дека понудил помош за изградба на енергетски капацитети, кои би требали Србија да ја поврзат со останатиот дел од регионот.
– Германија и Србија сè подобро соработуваат на полето на економијата. Имаме пораст во меѓусебната размена од 25 отсто, во однос на претходната година. Покривеноста на увозот ни е 83 отсто, благодарејќи на тоа што привлековме голем број на нивни компании. Се надевам дека ќе дојдеме до 10 милијарди трговска размена и дека 100.000 луѓе кои работат за германските инвеститори – додаде Вучиќ, кој посочи дека Шолц во Србија донел нова енергија и нова надеж.
Шолц истакна дека со Вучиќ разговарале на теми кои се битни за двете земји, а пресреќен е од развојот на економските односи.
– Сите сме затечени од страшната војна, која Русија ја започна против Украина. Веќе има голем број на жртви. Ова е бесмислена војна и многу е битно да се обединиме против неа – изјави Шолц, потенцирајќи дека ќе биде битно поголем број на земји да им се придружат на санкциите против Русија.
Во рамките на балканската турнеја, планирано е Шолц да допатува и во Скопје.