ШОКИРАН СУМ КОГА НЕ МОЖЕШ ДА ЈА ВИДИШ ВИНАТА И ЈА ПРЕФРЛУВАШ НА ГРАЃАНИТЕ Мицкоски до Заев за големата смртност од ковид-19
Замислете луѓе во регионот коишто горе долу имаат сличен менталитет, а вие да водите со 2-3 пати поголема смртност и покрај тоа што можеби луѓето имаат разни коморбидитети. Што е поразличен менталитетот на луѓето во Македонија од тој во Албанија, во Косово, во Бугарија, тој во Србија. Што е поразлично, праша Мицкоски.
Знам, за вас нема тајни затоа што вие повеќе се занимавате со туѓите животи отколку со тоа што треба да го работите. Затоа сме први по бројот на луѓе кои го загубија животот и тоа е поради тоа што сте неспособни да се справите со ковид пандемијата година и половина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со премиерот Зоран Заев во емисијата „Само вистина“.
– Дека се занимавате со туѓите животи, а не си ја вршите работата затоа ви умираат луѓе од ковид и ви горат живи луѓе. И тоа им е јасно на сите – рече Мицкоски.
Тој укажа дека јавно ги повикал граѓаните да се вакцинираат и дека е за вакцинација како што пишува во еден од статусите кој Зоран Заев го цитираше за време на дебатата.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ предупредило на политикантството од страна на надлежните и дека затоа сме во оваа ситуација.
– Шокиран сум повторно кога човекот не може да ја види вината и погрешниот начин на функционирање кај себе и кога ќе се обиде на вака брутално банален начин да ја префрли вината кон граѓаните, а е политичар и премиер, јас сум лично шокиран. Исто така можам да кажам сега дека се чудам како може вака со леснотија да се кажуваат работите коишто се тотално надвор од памет – истакна Мицкоски, коментирајќи како Заев ја префрлува вината на граѓаните со ковид-19
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека не смее Заев да ја префрла својата неспособност на сметка на граѓаните.
– Замислете луѓе во регионот коишто горе долу имаат сличен менталитет, а вие да водите со 2-3 пати поголема смртност и покрај тоа што можеби луѓето имаат разни коморбидитети. Што е поразличен менталитетот на луѓето во Македонија од тој во Албанија, во Косово, во Бугарија, тој во Србија. Што е поразлично – праша Мицкоски.
Мицкоски посочи дека на осми март на социјалните мрежи објавил колку е тешка болеста и ги повика граѓаните да се чуваат. Тој рече дека ја примил вакцината против ковид-19 од која не правел фестивали како функционерите на власта.
– Претпоставувам бидејќи се следите што правам, најверојатно знаете дека сум бил во салата „Борис Трајковски“ заедно со мојата сопруга на почетокот на септември и еве сега ви кажувам да не се мачите, втората доза ќе ја примам во среда откако добив денеска информација дека треба да ја примам втората доза на Синовак – појасни Мицкоски.