Снимката од инцидентот кој се случил во Холивуд лани, а на која раперот Куаво, член на познатото трио „Мигос“, насилно ја влече поранешната девојка Савити и ја фрла на подот во лифтот, предизвика бурни реакции на јавноста.
Видеото е од 2020 година, иако дури сега доспеа во јавноста, тврдат американските медиуми.
Нападот бил снимен пред парот да ја раскине двегодишнатата врска.
Безбедносната камера го забележала моментот кога Савити го удира Куаво пред да влезе во лифтот и се обидува да го спречи да влезе со неа. По туркањето на вратата од лифтот, раперот ја соборува девојката на подот. Иако лифтот се отвора на следниот кат, Куаво не ѝ помага на девојката да стане и стои до неа додека станарите ја набљудуваат целата сцена.
Извори за ТМЗ велат дека конфликтот се случил во 2020 година, неколку месеци пред раскинувањето. Раперката на 19 март изјавила дека раскинала со Куаво и дека се чувствува предадено по неверството.
„Сама сум. Премногу пати бев изневерена и повредена од приказната која ја деградира мојата личност. Емотивно сум отсутна веќе подолго време, но сум конечно мирна и слободна“, напишала Савити на Твитер.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб