🎥 ШОКАНТНО СВЕДОШТВО НА ПОРАНЕШНА ВРАБОТЕНА ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ „Ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја урне нашата“, молел Македонец во нејзината канцеларија
Поранешната вработена во Стејт департментот, задолжена за контрола на владините агенции, меѓу кои и на УСАИД, не може да се сети на името на Македонецот, но тврди дека бил избран политичар и го опишува како „екстремно висок“.
Засега неидинтификуван човек од Македонија, за време на поранешната администрација на Доналд Трамп, бил во Стејт департментот во 2016 година и молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.
За ова сведочи Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, која рабаотела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД., во популарниот поткаст на Тим Пул.
Кетрин О нил не може да се сети на името на човекот кој бил избран службени во македонската влада, но го опишува како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот дошол во нивната канцеларија и молел.
„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“. Ова се зборовите на Македонецот што ги цитира поранешната вработена во Стеј департментот.
Но, тогашната администрација на Трамп ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.
Ова е целиот поткаст: