ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА Нацист се самоубил во нејзината соба!

Сеќавајќи се на своето детство, таа раскажала и една необична приказна.

601

Принцезата Марта Луизa, ќерката на норвешкиот крал Харалд и кралицата Соња, неодамна гостуваше во подкаст, каде зборуваше за нејзината чувствителност на паранормални појави.

Норвешката принцеза зборувала за тоа колку била чувствителна уште во детството, но дека своите способности ги препознала дури кога пораснала.






Кога била мала, кралското семејство живеело на имотот Скаугум во Аскер, недалеку од Осло.

Сеќавајќи се на своето детство, таа раскажала и една необична приказна.

„Имав визија за сè кога бев во мојата соба. Бев преплашена кога спиев навечер. Имав чувство на гушење и слично. Дури кога станав повозрасна, моите родители ми кажаа дека нацист извршил самоубиство во мојата соба. Затоа имав кошмари таму, сега тоа го разбирам“, открила принцезата.

За време на Втората светска војна, германските нацисти живееле на имотот Скаугум. Меѓу нив бил Јозеф Тербовен, нацистички функционер и рајх комесар на Норвешка за време на германската окупација. Со објавата за предавањето на Германија, Тербовен изврши самоубиство на 8 мај 1945 година, детонирајќи 50 килограми динамит во бункер на имотот Скаугум. Неколку други Германци си го одзеле животот на имотот истиот ден, а еден од нив бил токму во спалната соба на принцезата Марта Луиз.

Педесетгодишната принцеза е најстарото дете и единствената ќерка на норвешкиот крал Харалд V. Нејзиниот помлад брат Хакон е наследник на тронот.

Марта Луиз се откажа од титулата кралско височество и ретко прифаќа такви обврски, иако своевремено беше обвинета во јавноста дека сепак повремено ја користи титулата за комерцијални цели.

Марта беше во брак со писателот Ари Бен, со кој има три ќерки и од кога се разведе. Бен почина пред две години.

Нејзиниот живот е многу нетипичен за еден член на кралското семејство и четвртиот наследник на круната.

По професија е физиотерапевт, но кариерата ја направи во забавната индустрија, основајќи компанија која се занимава со прикажување на норвешки бајки и народни приказни.

Поради нејзините тврдења дека е видовита и дека има комуникација со ангели, таа често предизвикуваше контроверзии.

Во норвешките медиуми особено беше критикувана за љубовната врска со Американецот Дурек Верет, самопрогласен шаман, со кој има школа за алтернативна терапија.

Поврзани содржини