📷 ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД РАЗВОДОТ Дениз Ричардс тврди дека сопругот ја давел и тепал

По тешеките обвинувања за злоставување, актерката Дениз Ричардс издејствува судска забрана за пристап против својот сопруг, Арон Фиперс, од кого се разведува Дениз, детално опиша низа застрашувачки инциденти во судските документи, вклучувајќи ги и неговите закани дека ќе ѝ наштети нејзе и себеси доколку некогаш отиде во полиција.

305

По тешеките обвинувања за злоставување, актерката Дениз Ричардс издејствува судска забрана за пристап против својот сопруг, Арон Фиперс, од кого се разведува Дениз, детално опиша низа застрашувачки инциденти во судските документи, вклучувајќи ги и неговите закани дека ќе ѝ наштети нејзе и себеси доколку некогаш отиде во полиција.

Во потресната изјава што ја добил „Пејџ сикс“, Ричардс детално го опишала злоставувањето.






„Во текот на нашата врска, Арон честопати насилно ме давеше, силно ми ја стискаше главата со двете раце, цврсто ме стегаше за рацете, насилно ме шамараше по лицето и главата, агресивно ми ја забиваше главата во полицата за крпи во бањата“, се наведува во документите.

Ричардс (54), позната како Бонд девојка, но и по учеството во реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, тврди дека Фиперс (52) и направил модринка на окото уште во 2022 година. Инцидентот, рече таа, се случил на неговото работно место во Малибу кога Фиперс станал параноичен, убеден дека во растенијата што ги се наоѓаат уреди за слушање. Тогаш, наведува актерката, тој ја нарекол „проклета кучка“ и ја удрил во окото со дланката.

 

Фото: Приватна архива

 

Во вториот наведен инцидент, Фиперс наводно станал насилен бидејќи на Ричардс му предложил да не ја придружува на службено патување.

„Ме зграпчи за коса и ме фрли на подот врескајќи: ‘Нема да ми го откажеш летот, одам со тебе и не ти верувам’.“

Како доказ, таа приложила и фотографии од лузни на лицето, за кои тврди дека се последица на неговите напади.

На Фиперс му е наредено со судска наредба да се држи на најмалку 91 метар од актерката, нејзиниот дом, автомобили и имот. Тој, од друга страна, категорично ги отфрла сите обвинувања. Тој изјавил за „ЈуЕс викли“ дека тие „не се вистинити“ и „измислени“, додавајќи самоуверено: „Имам вистински докази“.

Шокантните обвинувања се појавија помалку од две недели откако Фиперс поднесе барање за развод по шест години брак. Тој го наведе 4 јули како датум на разделба, а „непомирливи разлики“ како причина. Фиперс исто така бара од судот Дениз да му плаќа алиментација. Следното судско рочиште во врска со забраната за пристап е закажано за 8 август.

Извор близок до двојката изјави за „Дејли мејл“ дека нивното раскинување било само прашање на време бидејќи врската е „токсична“ и расправиите се постојани.

„Проблемите траат веќе некое време, а последната капка беше жестока расправија во текот на викендот, по што тој поднесе барање за развод“, открил информиран извор.

Двојката се венча во септември 2018 година, а само неколку дена по поднесувањето на барањето за развод, Фиперс веќе беше виден во јавноста без својот венчален прстен.

 

Поврзани содржини