Британската кралица Елизабета Втора (94) и принцот Филип (99), војводата од Единбург, навидум имаат идиличен брачен живот, но некои нивни брачни караници ескалирале и со физичка пресметка.
Кралската авторка Ингрид Севард во својата најнова книга „Откриениот принц Филип“ раскажува дека кралскиот пар во една пригода имал многу бурна расправија.
Во разговорот за „Фокс њуз“, таа открива дека кралицата Елизабета Втора во текот на една кралска турнеја низ Австралија во 1954 година фрлила тениски рекет и чевли кон сопругот. Очигледно во текот на немилиот настан помеѓу кралските сопружници го следел и филмската екипа, бидејќи снимале документарец, а физичката пресметка ја овековечила камерата.
– Филмската екипа стоеше пред малите вили за одмор. Одеднаш го виделе принцот Филип на балконот, а накај него „летале“ тениски рекет и пар тениски чевли, кои биле фрлени кон неговата глава – открила Севард.
Набрзо по расправијата, кралскиот таен секретар на турнејата веднаш побарал од екипата да го прекине снимањето и да им ги дадат видеата, а тие тоа и го направиле. Кралицата наводно лично побарала од очевидците да ѝ простат, велејќи дека тоа се случува во бракот.
Севард исто така додава дека принцот Филип и кралицата Елизабета, иако се лудо вљубени еден во друг, имале и свои горчливи моменти.
– Не е лесно да се постигне брачно совршенство кога живеете под лупата на јавноста, а секој потег го набљудува целата нација – објаснила Севард, додавајќи дека на Елизабет и на Филип им успеало тоа.