ШОКАНТНА ПРЕСЕЛБА НА ПАНДЕВ Фудбалерот потпиша за Парма!

957

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев ќе ја напушти Џенова за Парма до крајот на сезоната. Големо изненадување е што тој ќе менува клуб во последниот ден од преодниот рок, објави реномираниот италијански медиум „Скај Спорт Италија“.

Џенова ќе го ослободи Пандев за да игра во нападот на тимот кој се натпреварува во Серија Б. Се работи за позајмица до крајот на сезоната. Тимот од „Енио Тардини“ е составен од поранешни калчолигашки играчи, а капитен на тимот е легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.






Доколку се остварат овие најави, Парма ќе биде седмиот тим за Пандев во Италија затоа што тој претходно покрај за Џенова играше за Наполи, Интер, Лацио, Анкона и Специја.

Парма во моментов се наоѓа на дванаесеттото место во Серија Б.

Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537).

Поврзани содржини