📽 ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА КАРЛЕУША Жељко и Јована Јоксимовиќ на вечерата го испофалиле меѓуножјето на Јелена
Жељко и Јована се обиделе да ја „утешат“ зборувајќи за убавината на нејзиниот полов орган.
Српската музичка дива Јелена Карлеуша дала интервју за „ТВ Прва“, каде зборувала за бизарен момент кој наводно се случил на приватна вечера со брачната двојка Јоксимовиќ, кога, како што тврди пејачката, Жељко и Јована се обиделе да ја „утешат“ зборувајќи за убавината на нејзиниот полов орган.
„Одам на вечера со Жељко и Јована Јоксимовиќ. Тие сакаат да зборуваат, јас почнав да зборувам за тоа што ми беше тешко, за ситуацијата со фотографиите“, започнала Карлеуша, алудирајќи на моментот кога медиумите објавија нејзини приватни фотографии, особено фотографии од нејзините интимни делови.
NAJBOLJI MINUT U ISTORIJI TELEVIZIJE pic.twitter.com/1ncH3aPnWi
— JOVANA FOX (@asepsoll) May 15, 2024
„Тие ми дадоа прекрасен комплимент. Претпоставувам дека за да ме утешат, не знаеја што да ми кажат – рекоа, таа е толку убава. Таа е она што беше на насловните, знаете што. Ајде, да е некоја грда, но таа е толку убава. Жељко вели, мене сите пријатели ми велат – колку е убава. Јована вели дека и таа рекла дека е убава. Има и некои убави нешта, ако ништо барем мојата интима им беше убава“, рекла Карлеуша во програмата.
bizarno https://t.co/Obky6UD4SA
— ニコラ (@forehandonfleek) May 15, 2024
Инаку, Карлеуша е пријателка со Јована Јоксимовиќ и Жељко Јоксимовиќ. Моментот за кој таа зборува, кога нејзините фотографии се најдоа на насловните страници на српските медиуми, се случи во 2019 година.