Шокантна глетка на црвениот тепих во Венеција: Актерките страсно се бакнуваат ФОТО

3,229

Во тек е еден од најгламурозните филмски фестивали во светот – 77-от Филмски фестивал во Венеција.

Покрај целиот гламур, не изостануваат ниту скандалозните или провокативни тоалети, но и шокантните сцени на црвениот тепих.






Годинава за тоа се погрижија двете жешки актерки Мила Суарез и Елиса Де Панисис.

На Филмскиот фестивал во Венеција вчера премиерно беше прикажан филмот „Ле Сорел Макалузо“, чии главни актерки Мила Суарез и Елиса Де Панисис се погрижија за филмот да се зборува уште пред да биде прикажан.

Девојките имаа мала еротска изведба на црвениот тепих, поради што не се сомневаме дека филмот во кој глумат ќе биде еден од најгледаните на овогодинешниот фестивал.

Поврзани содржини