ШОКАНТНА Е ИЗЈАВАТА НА ЗАЕВ НИЕ НЕ СМЕ ТАЛИБАНЦИ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги врати историските факти за фашистите

Нека оди и нека им го каже тоа на внуците, синовите и ќерките, на луѓето кои својот живот го загубија во Треблинка, притоа уапсени и ставени во вагони од страна на раката на бугарскиот фашистички окупатор. Нека оди да им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно - рече Мицкоски.

1,181

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека шокантна е изјавата на премиерот Зоран Заев за бришењето на одредницата „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците.

– Нека оди и нека им го каже тоа на внуците, синовите и ќерките, на луѓето кои својот живот го загубија во Треблинка, притоа уапсени и ставени во вагони од страна на раката на бугарскиот фашистички окупатор. Нека оди да им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно – рече Мицкоски.






Тој најави дека по промената на власта, историјата ќе биде вратена така како што ја признава светската историја.

– Веднаш по промената на власта, ние не сме Талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да му се извинат на овој народ – рече Мицкоски.

Поврзани содржини