📽️ ШОКАНТНА „ЧЕСТИТКА“ НА ЗЕЛЕНСКИ Му посака смрт на Путин за Божиќ, Кремљ го оцени како нестабилна личност

Песков ја доведува во прашање способноста на Зеленски да донесува соодветни одлуки кон политичко и дипломатско решение на конфликтот во Украина.

342

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека божиќното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски било „нецивилизирано и горчливо“, што, како што рече, сугерира дека тој е „нестабилна личност“.

– Видовме извештај за навистина бизарно божиќно обраќање на Зеленски. Тоа е нецивилизирано, горчливо и звучи како малку нестабилна личност – изјави тој пред новинарите како одговор на прашање за тоа.






Тој додаде дека Кремљ ја доведува во прашање способноста на Зеленски да донесува соодветни одлуки кон политичко и дипломатско решение на конфликтот во Украина.

Божиќната „честитка“ на Володимир Зеленски

– Дај боже да умре, секој од нас може тоа да го помисли во себе – рече Зеленски, осврнувајќи се на рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа продолжи со поинаков тон.

– Но, кога се свртуваме кон Бога, се разбира, бараме нешто поголемо. Бараме мир за Украина. Се бориме за него. И се молиме за него. И го заслужуваме – рече Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека Украинците сакаат секое семејство да живее во хармонија и секое дете да се радува на подароци, насмевки и вера во добрината и чудата.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека добрината и вистината ќе победат.

– Нека биде победа на мирот. Нека бидеме ние. И нека биде Украина – рече тој.

Во јули 2023 година, Зеленски потпиша закон со кој се наведува дека Божиќ во Украина официјално ќе се слави на 25 декември според јулијанскиот календар.

Поврзани содржини