ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО КОЛДПЛЕЈ ПРЕЉУБНИЦИТЕ Сопругот на Кристин бил на истиот концерт – со друга жена

Во последните недели се појавија детали за тоа дека Кристин Кабот веќе се разведувала од својот сопруг пред да присуствува на концертот на Колдплеј со Бајрон.

344

Два месеци откако тогашниот извршен директор на компанијата „Астрономер“, Енди Бајрон, беше фатен со Кристин Кабот на популарната „Kiss cam“ на концерт на Колдплеј, се огласи извор близок на Кабот да ја открие вистината за нивната врска. Според изворот, виралниот момент кога Бајрон ја прегрнува Кабот не ја одразува целата вистина.

Во последните недели се појавија детали за тоа како Кабот веќе се разведувала од својот сопруг пред да присуствува на концертот со Бајрон.






– Кристин и Енди имаа одличен работен однос, одлично пријателство. Немаше афера. Беше несоодветно да го прегрнеш шефот на концерт и таа ја презема целосната одговорност за тоа, но скандалот, губењето на работата, сето тоа е неправедно – изјавил извор за People.

По инцидентот и Бајрон и Кабот ја напуштија компанијата која, по оставката на Бајрон, изјавила дека од нејзините раководители се очекува да постават стандард и за однесување и за одговорност, а тој стандард не бил исполнет од него. Извор близок до Кабот вели дека известувањето за овој инцидент е далеку од вистината.

– Важно е да се забележи колку несоодветно е етикетирана Кристин. Тешко е да се биде сведок на тоа што се случило и важно е да се разбере колку може да биде катастрофално, не само за вклучените лица, туку и за нивните семејства. Ова може да му се случи на секого од нас во секое време. Ова се вистински луѓе и вистински семејства. Тешко е да се види како луѓето толку многу им се потсмевале – рекол изворот.

Во времето кога присуствувала на концертот, Кабот веќе била разделена од својот сопруг.

– Тие се пријателски разделени и се движат кон развод – рекол изворот близок до Кабот.

Изворот, исто така, открил изненадувачка информација. Според него, на концертот на кој Кабот била видена со Бајрон, бил и нејзиниот сопруг со друга жена.

– Нејзиниот сопруг беше на концертот на Колдплеј на состанок истата вечер – изјавил изворот за People.

Поврзани содржини