📷 ШОКАНТЕН МОМЕНТ ВО СУДНИЦАТА Диди покажа фотографија од разголените Ријана и Серена Вилијамс во кревет!

Судењето на хип-хоп могулот Шон Комбс, кој е попознат по неговото уметничко име Пи Диди, започна претходно овој месец, а шокантни детали од судницата секојдневно се објавуваат во јавноста.

3,351

Судењето на хип-хоп могулот Шон Комбс, кој е попознат по неговото уметничко име Пи Диди, започна претходно овој месец, а шокантни детали од судницата секојдневно се објавуваат во јавноста.

Обвиненијата против раперот се многу сериозни, а неговата одбрана се бори да ја докаже невиноста на Комбс на секој можен начин.






Најновиот материјал кој е прикажан пред поротата е доста изненадувачки: станува збор за фотографија од пејачката Ријана, тенисерката Серена Вилијамс и асистентката на Диди, Каприкорн Кларк, во кревет.

 


Станува збор за фотографија направена на една од забавите на Комбс во 2012 година, а на неа се гледаат двете големи светски ѕвезди како лежат во бикини, додека Ријана прави селфи во огледало закачено на таванот.

Фотографијата наводно му ја испратила на Диди неговата поранешна девојка Каси Вентура, во текот на долгото допишување што адвокатскиот тим на раперот сега се обидува да го искористи во одбраната.

Каприкорн Кларк, која работела за Диди како лична асистентка, претходно сведочеше дека била отпуштена токму во времето кога е направена оваа фотографија, по патувањето со Ријана.

Иако ниту Ријана ниту Серена Вилијамс не се обвинети за ништо поврзано со случајот Комбс – вклучувајќи ги и обвинувањата за принуда на секс, манипулација и учество во таканаречените забави „freak-off“, нивната фотографија привлече големо внимание во странските медиуми и ја зголеми љубопитноста на јавноста.

Адвокатите се обидуваат да докажат дека односот што Диди го имал со Вентура бил со нејзина согласност, опишувајќи ја нивната врска полна со насилство и оргии како „интензивна и нетрадиционална романса“.

Целта на правниот тим на Комбс е да ја дискредитира Каси Вентура и да сугерира дека таа го избрала тој начин на живот.

Поврзани содржини