Американскиот магазин „Пипл“ објави исечок од автобиографскиот документарен филм „Best Shape of My Life“.
Во него Вил Смит ги открил травматичните семејни тајни, вклучувајќи ги инцидентот од детството во кој главен актер е неговиот починат татко. На почетокот Смит го опишува комплицираниот однос кој го имал својот татко Вилијам Керол Смит постариот.
Смит го започнал овој проект со идеја да ги документира своите напори за слабеење, но целата приказна се претвори во многу „подлабоко“ патување и преиспитување на мислите и чувствата на популарниот актер.
Тој во својата исповед открил и дека рдоуменазмислувал да го убие својот татко.
– Мојот татко беше насилник, но доаѓаше и на секоја моја претстава, претстави и рецитали. Тој беше алкохоличар, но кој беше трезен на секоја моја премиера. Кога имав девет години, гледав како татко ми како ја удира мајка ми со тупаница во главата, толку силно што таа падна. Видов како таа плукаше крв. Тој момент во таа спална соба, веројатно повеќе од кој било друг момент во мојот, ме дефинираше кој сум. Тогаш си се заколнав дека ќе ја одмаздам мајка ми. И децении подоцна дојде моментот кога сакав да го направам тоа – напишал Вил Смит во својот документарец.
Родителите на Вил Смит се разделиле кога тој бил тинејџер и се развеле во 2000 година. И покрај тоа што одржувал близок однос со татко му, актерот пишува дека неговиот бес што произлегол од тој инцидент повторно испливал на површината децении подоцна, додека се грижел за него кој боледувал од рак. Тој бил исклучително слаб и морал да се движи со помош на инвалидска количка.
„Една ноќ, додека внимателно го туркав во инвалидска количка од спалната до бањата, во мене се разбуди темнина. Застанав на врвот од скалите. Лесно можев да го турнам, а уште полесно да се извлечам. Децениската болка и гнев избувнаа, но потоа се повлекоа. Постојано го туркав тато до бањата“, напишал тој и го шокирал светот.
Претходно, Смит искрено зборуваше за своето ментално здравје и признал дека сакал да си го одземе животот, иако не откри во кој момент тоа се случило.