ШОК ЗА АНЧЕЛОТИ Бразил може да биде исфрлен од квалификациите за Светско првенство?
Фудбалската федерација (CBF) се најде во центарот на сериозен скандал. Едналдо Родригес (71) беше отстранет од функцијата претседател на федерацијата поради наводни нерегуларности на изборите одржани во 2022 година.
Голем предизвик го чека Карло Анчелоти, не само на теренот, туку и во борбата против хаотичната ситуација на врвот на бразилскиот фудбал. Откако ќе станеја преземе функцијата селектор на бразилската фудбалска репрезентација на 26 мај, екс-тренерот на Реал Мадрид ќе се соочи со многу непријатна ситуација.
Фудбалската федерација (CBF) се најде во центарот на сериозен скандал. Едналдо Родригес (71) беше отстранет од функцијата претседател на федерацијата поради наводни нерегуларности на изборите одржани во 2022 година.
Причината за отстранување на Родригес е поврзана со наводно фалсификување на потписот на поранешниот претседател Антонио Карлос Нунес во документ кој му овозможил да се врати на функцијата.
Но, поранешниот лидер не се согласува со таа одлука и поднесе жалба до Врховниот суд на Бразил, истакнувајќи дека ФИФА и Јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ не го признаваат новото раководство.
Родригес оди чекор понатаму. Тој тврди дека Бразил ризикува да биде елиминиран од квалификациите за Светското првенство во 2026 година поради политичката нестабилност во Конфедерацијата и ја споменува можноста националниот тим да не ги игра претстојните натпревари против Еквадор и Парагвај.
Фернандо Сарни беше привремено назначен на негово место, и тој рече дека ќе стори сè што е можно за да се обезбеди што е можно поскоро одржување на избори за ново раководство. Сепак, тој нагласи дека ја поддржува претходната одлука на Федерацијата – онаа за назначување на Карло Анчелоти, кој официјално треба да ја преземе функцијата на 26 мај.
На ранг-листата за квалификациите во Јужна Америка, Бразил моментално е на четвртото место со 21 бод, шест повеќе од Венецуела на седмата позиција – првата што не се квалификува директно за завршниот турнир.
Иако назначувањето на Анчелоти треба да означи ново поглавје во потрагата по шестата титула светски шампион, Бразил не успеа да стигне до финалето од 2002 година. На последните три светски првенства беа елиминирани во четвртфиналето, а последен пат меѓу првите четири се пласираа во 2014 година, кога како домаќини завршија на четвртото место.
Со оглед на квалитетот на играчите, ова е неприфатливо за многумина во Бразил – „земјата на фудбалот“.