ШОК ВО СВЕТОТ НА МОДАТА! По 37 години на чело на „Вог“, заминува главната уредничка Ана Винтур

Ана Винтур го напушта кормилото на американскиот „Вог“ по 37 години! Легендарната уредничка бара нова сила за култното списание, но останува глобална директорка за содржини во компанијата „Конде Наст“.

495

Ана Винтур го напушта кормилото на американскиот „Вог“ по 37 години! Легендарната уредничка бара нова сила за култното списание, но останува глобална директорка за содржини во компанијата „Конде Наст“.

Дојде крајот на една ера во светот на модата. По 37 години на чело на американското издание на списанието „Вог“, Ана Винтур се повлекува од функцијата главна уредничка. Веста од компанијата „Конде Наст“, ​​која е сопственик на списанието, ја потврдија за „Њујорк пост“.






Според зборовите на портпаролот на компанијата, на состанокот што се одржал денеска, 75-годишната Винтур порачала дека е во потрага по нова сила која би да седнала на чело на култното модно списание. Долгогодишната главна уредничка, која ја презеде функцијата во американскиот „Вог“ во 1988 година, ќе ја врши својата воите улога како главна директорка за содржини на глобално ниво во „Конде Наст“, како и глобална едиторијална директорка на „Вог“.

Оваа вест ги шокираше многумина со оглед на тоа што Винтур честопати изјавуваше дека нема намера да се повлече од челото на „Вог“.

Како главна директорка за содржини, Винтур ги надгледува сите глобални брендови на „Конде Наст“ – вклучувајќи ги „Вајред“, „Ванити фер“, „Џеј Кју“, „Гламур“ и „Бон апетит“ – со исклучок на списанието „Њујоркер“. Нејзиниот мандат генерално се смета за пресвртница за списанието, бидејќи таа помогна да се зацврсти позицијата на американскиот „Вог“ како водечко модно списание на светската сцена.

Таа ја започна својата кариера во модата откако го напушти училиштето за девојки од високата класа на 18-годишна возраст и се вработи како асистентка во списанието „Харперс енд квин“, а подоцна работеше за голем број списанија во Њујорк. Пред да стане главна уредничка, Винтур беше креативен директор на „Вог“ во 1983 година. Подоцна го водеше британскиот „Вог“, пред да се врати во американскиот „Вог“ во 1988 година на позицијата главна уредничка.

 

Поврзани содржини