ШОК ВО РУСИЈА Мистериозна бела пена лебди на небото, граѓаните исплашени (ВИДЕО)
Граѓаните ја снимаат оваа несекојдневна појава и масовно ја споделуваат на социјалните мрежи, а истовремено бараат и одговор од надлежните власти.
Страв и паника владее меѓу жителите на Санкт Петербург откако огромна количина на мистериозна бела пена се појавила на небото и буквално лебди врз градот.
Како што објавија руските медиуми, пената најверојатно потекнува од реката Дудергофка, а објаците со оваа материја брзо се прошириле по околните улици.
Граѓаните ја снимаат оваа несекојдневна појава и масовно ја споделуваат на социјалните мрежи, а истовремено бараат и одговор од надлежните власти.
Според медиумите, дел од граѓаните сметаат дека пената потекнува од некоја пена-забава, а дел се исплашени дека станува збор за екоцид.
La rivière Dudergofka fait de la mousse et cela se disperse partout sur les routes. pic.twitter.com/RFozWqXHdq
— 𝐕𝐥𝐚𝐝𝐢𝐦𝐢𝐫 𝐏𝐨𝐮𝐭𝐢𝐧𝐞 (@patrondukremlin) December 25, 2020