ШОК ВО АКАДЕМСКИОТ СВЕТ Жена пријавила дека студент ја нападнал на работното место во Битола

Инцидент на факултет во Битола, 58-годишен студент физички нападнал вработена, случајот го истражува полицијата.

1,000

Жена вработена на факултет во Битола пријавила дека била физички нападната од студент, потврди битолската полиција.

Според информациите од СВР Битола, 38-годишната И.Ш.Л. од Битола пријавила дека инцидентот се случил на нејзиното работно место, кога била нападната од 58-годишниот К.Н. од Ресен, кој е студент на истиот факултет.






Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности под кои дошло до нападот. Засега не се соопштени детали за мотивите и за степенот на повредите на нападнатата жена.

Поврзани содржини