Шок пред средбата со Грузија! Барди повреден, Ристевски и Велкоски позитивни на Ковид-19

За Тбилиси отпатува Аријан Адеми кој беше повреден, а во составот го нема и голманот Божиновски кој исто така е позитивен на коронавирусот.

621

Фудбалерот на Леванте нема да патува за Тбилиси и поради повреда на ‘рбетот ќе го пропушти најважниот меч во досегашната кариера. Позитивни на тестирања Кире Ристевски и Крсте Велкоски, селекторот се надева дека ќе го има Адеми кој е ровит.

Утрово донесе непријатни вести за македонската репрезентација. Енис Барди нема да игра во финалето од баражот за пласман на Европско првенство 2021.






Неговиот клуб Леванте побарал Енис да се врати во Валенсија со цел да ја санира повредата и да биде потвргнат на тестови.

Барди на синоќешниот тренинг здобил повреда во ‘рбетот (дискус хернија) и нема да игра против Грузија. Енис сигурно ќе ги пропушти и дуелите со Естонија и Ерменија во Лига на нации.

За Тбилиси не патуваат ниту стандардниот стопер Кире Ристевски ниту резервниот шпиц Крсте Велкоски кои биле позитивни на тестот за Ковид-19.

Нејасна е и состојбата околу Аријан Адеми кој веќе неколку дена се жали на повреда но постои надеж дека медицинскиот тим ќе го оспособи за клучниот меч на генерацијата и историски за нашата репрезентација.

Во ваква непредвидена ситуација, селекторот Ангеловски сега ќе мора да се потпре на друг стопер кој би играл во тандем со Дарко Велковски, а тоа од досегашните натпревари беше Ѓоко Зајков. Во средниот ред Костадинов би можел да го замени Барди.

Поврзани содржини