ШОК БОМБИТЕ НА ПРОВОКАТОРИТЕ СЕ ОД МАГАЦИНОТ ВО ОХРИД? Ковачки бара одговорност од министерот Спасовски
Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања: Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието? Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше ограбен и беа украдени шок бомби, прашува Ковачки.
Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и на Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова впрочем, вчера и го најави (Димитар) Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
– Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања: Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието? Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше ограбен и беа украдени шок бомби? Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести? Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја? Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица? Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња – прашува Ковачки.
Тој побара одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и одговорност од службениците што ги пречекорија своите овластува.
– Откако власта виде дека граѓаните, десетици и десетици илјади мирно и достоинствено кажаа не, без ниту еден отпушок или навреда кон полицијата, почнаа да смислуваат, а сега веќе и да спроведуваат сценарија со провокатори. Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ. Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ – вели опозицискиот пратеникот, кој најави дека попладнево со почеток од 19 часот повторно ќе се организира протест.