ШОФЕР ВО МНР ФАТЕН СО ДРОГА ВО ОХРИД? Некој го крие случајот веќе 2 месеца

Случајот го нема во билтенот на МВР. Очигледно поради сензитивноста на случајот, официјални информации за овој случај досега нема. Нема ни официјални одговори на прашањата што се пратени до МНР, објави МКД.мк.

752

На 16 април полицијата во Охрид со дрога фатила шофер од МНР кој се обидувал да ја пренесе во Скопје. Станува збор за извесен Ќ.Б., објави порталот МКД.

Тој наводно бил фатен со уште едно лице, а возилото „рено“ e службено возило на МНР, дознава МКД.мк.






Како што дознава медиумот, и второто лице во возилото било вработено во МНР (во ИТ сектор) и покажало дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на аеродром.

Случајот го нема во билтенот на МВР. Очигледно поради сензитивноста на случајот, официјални информации за овој случај досега нема. Нема ни официјални одговори на прашањата што се пратени до МНР.

Она што е уште поинтересно во целиот случај е што дури на 21 мај охридската полиција испратила официјално писмо до МНР во кое се бара појаснување за тоа дали лицето Ќ.Б. тој ден (16 април) бил службено ангажиран и дали го управувал возилото со патен налог. Од тогаш молк на сите страни.

Поврзани содржини