ШО МИСЛЕШЕ СО ФАТИМЕ КА СЕ ЛИГАВЕШЕ… На Тупанчевски не му е право што министерската фотелја ќе му ја земе Алијанса

Според информации на Плусинфо, министерот за правда Никола Тупанчевски од поодамна е најсериозен канддидат за бркање од Владата, поради скандалот што изби во врска со патувањето натпреварот меѓу Македонија и Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал.

1,696

„Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда“, изјави министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип, јави МИА.

Прашан за можната реконструкција на владата на Димитар Ковачевски со влез на Алијанса за Албанците, Тупанчески рече дека „апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици“.






–  Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеме да се пофалиме со остварените резултати. Меѓутоа, имаме и одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши идеи во однос на реализација, подобрување на состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески.

Според информации на Плусинфо, министерот за правда Никола Тупанчевски од поодамна е најсериозен канддидат за бркање од Владата, поради скандалот што изби во врска со патувањето натпреварот меѓу Македонија и Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Тогаш тој, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, навиваа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Поврзани содржини