Шојер ја критикува соработката во ЕУ: Колони камиони на границите

Тоа можеме да го решиме само билатерално, затоа што не постои никаков европски договор за прашањето на граничните режими - истакна Шојер.

280

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер го критикуваше недостигот на договор на европско ниво за прекуграничен товарен транспорт, затоа што на границите се формираат големи колони камиони.

– Малку сум незадоволен од европскиот пристап – изјави Шојер за германскиот јавен сервис АРД.






Тој рече дека транспортот на стоки функционира и оти снабдувањето на продавниците во Германија е загарантирано.

Сепак, тој укажа дека има големи колони камиони на границите.

– Тоа можеме да го решиме само билатерално, затоа што не постои никаков европски договор за прашањето на граничните режими – истакна Шојер.

Тој рече дека поради тоа мора да го решава овој проблем со многу директни телефонски разговори со властите, пред се во Полска и Чешка.

Поврзани содржини