📽️ ШЛЕПЕР ИЗЛЕТА ОД КОЛОВОЗОТ ВО СТРУМИЧКО Сообраќајот меѓу Владевци и Радичево беше во прекин

Возилото завршило надвор од коловозот во ноќните часови. На терен интервенирале надлежните служби, кои презеле активности за обезбедување на местото и нормализирање на сообраќајот.

39

Шлепер ноќеска излетал од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Владевци и Радичево, по што сообраќајот бил целосно во прекин. Информацијата ја објави порталот Струмица денес преку својот профил на Фејсбук.






Возилото завршило надвор од коловозот во ноќните часови. На терен интервенирале надлежните служби, кои презеле активности за обезбедување на местото и нормализирање на сообраќајот.

Од Автомото сојузот на Македонија апелираат на внимателно возење. Коловозите се влажни, а условите бараат дополнителна претпазливост, особено на регионалните патишта во Струмичко.

Поврзани содржини