ШЛАГ НА ТОРТАТА Тренерот на Интер задоволен од „новајлијата“

На 26 август, Интер го објави закупот на Кореа од Лацио со задолжителна опција за откуп. На натпреварот против Верона, 27-годишниот Аргентинец постигна два гола.

270

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше дебито на Хоакин Кореа на натпреварот во Серија А од второто коло против Верона (3:1).

– Добро се подготвивме за овој натпревар. Немавме многу време за Џеко и Мартинез да тренираат заедно, но Лаутаро се опорави и навистина е инспириран. Кореа, Маријано Сатријано и Стефано Сенси се подготвени да ја напуштат клупата. Навистина ми се допаѓа Кореа, го познавам многу добро, тој е шлаг на тортата за овој тим. Ќе придонесе многу во Интер – изјави Инзаги за „Скај Спорт Италија“.






На 26 август, Интер го објави закупот на Кореа од Лацио со задолжителна опција за откуп. На натпреварот против Верона, 27-годишниот Аргентинец постигна два гола.

Поврзани содржини