ШКУПИ НЕМА ДА ИГРА СО СИЛЕКС В НЕДЕЛА Имаа време, но не најдоа соодветен терен, тврди ФФМ

Воедно, според ФФМ, во изминатите денови, „управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во 'Куќа на фудбалот' за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата“.

113

Натпреварот од 2. коло на Прва македонска фудбалска лига меѓу екипите на Шкупи и Силекс, закажан за утре во 17 часот, нема да биде одигран, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.






Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.

„ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение. Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната. Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот“, велат од Федерацијата.

Воедно, според ФФМ, во изминатите денови, „управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во ‘Куќа на фудбалот’ за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата“.

Од ФФМ велат дека се должни да ги почитуваат пропишаните регулативи и дека тоа ќе го прават во целост.

„Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите“.

Евентуален службен пораз за Шкупи на два натпревара ќе значи и усклучување од ПМФЛ.

Поврзани содржини