Шкотска воведува нови дополнителни строги мерки

Старџен рече дека е неопходна итна акција, но се надева дека ќе се избегне целосна блокада, како што беше воведена во март.

301

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека за неколку дена ќе бидат воведени дополнителни строги мерки за сузбивање на растечкото ширење на коронавирусот.

Старџен рече дека е неопходна итна акција, но се надева дека ќе се избегне целосна блокада, како што беше воведена во март.






– Морам да бидам апсолутно искрена со луѓето, сигурно ќе бидат воведени дополнителни ограничувања низ цела Шкотска во следните неколку дена, рече Старџен.

Таа додаде дека побарала од Владата итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата.

Поврзани содржини