Школската година ќе заврши на 10 јуни, ќе се учи помалку, а ќе се оценува на лице место

465

Министерката за образование и наука Мила Царовска најави дека школската година ќе заврши на 10 јуни, а сите ученици, и оние кои ќе следат настава со физичко присуство и онлајн, ќе бидат оценувани со физичко присуство.

Владата минатата недела го одложи почетокот на учебната 2020/2021 година и наместо на 1 септември, ќе почне на 1 октомври, под посебни протоколи и планови за одвивање на наставната програмата.






– Учебната година почнува вообичаено на 1 септември, но по исклучок може, како што е сега, наставната програма да почне на 1 октомври. Се работи на скратени програми. Законот гарантира дека скратената програма нема да биде под 100 часа. Овој пат Бирото за развој на образованието ги крати програмите за само бројот на денови што би требало да го надминат 10 јуни, за да можеме да ја завршиме школската година на 10 јуни, а притоа септември ни е празен. Ќе имаме 159 денови кои ќе треба да се адаптираат во програмата, наместо 180. Бирото ги работи и денес треба да бидат доставени до мене. Секако се поедноставува програмата затоа што часот е 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок – рече Царовска по средбата со директори на основни и средни училишта во земјава.

Поврзани содржини