ШКОДРАНЕ ДАРДИШТА ОД ДУИ СЕ ЗАКАНИ На таван уште ги имаме чизмите од војната

2,574

Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.

„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.






Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, по објавата на Дардишта реагираше:

„Шкодране Дардишта кадар на ДУИ се заканува со војна ако на нејзината партија не и се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?“, напиша Крмов.

Поврзани содржини