ШКЕНДИЈА ДЛАБОКО ЖАЛИ ЗА ДОВИКУВАЊЕТО НА ГРУПАТА ПОЕДИНЦИ Клубот изрази почит кон жртвите и сочувство со целото општество

Во моментот на минутата молк во чест на жртвите на пожарот во Кочани, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овој пат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека, пак, само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи, посочуваат од ФК Шкендија.

324

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк, со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.






На стадионот во Тетово, пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.

„Шкендија со целосна одговорност ја следи и ја почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот“, велат од фудбалскиот клуб.

Во овој контекст, додаваат тие, ФК Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите.

ЗА ВАКВИ НЕЛУЃЕ НЕМА МЕСТО ВО ФУДБАЛОТ, НЕКА СЕ ОГЛЕДААТ НА ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО Македонската фудбалска федерација отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија

„Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. ‘Балистите’, кои вообичаено стојат на трибината на ‘Маршин Беќири’ зад голот, овој пат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи“, посочуваат од ФК Шкендија.

„Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, додаваат тие, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту, пак, на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.

Шкендија уште еднаш изрази жалење за ваквата состојба и го повтори својот непоколеблив став за почит кон изгубените животи и кон болката низ која поминува целото општество.

ВМРО-ДПМНЕ ГО ОСУДУВА СКАНДИРАЊЕТО НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР ВО ТЕТОВО Ова не е тензија меѓу Албанците и Македонците, туку провокација, посочуваат од владејачката партија

Поврзани содржини