ШИТАКЕ ПЕЧУРКИТЕ СЕ НАРЕКУВААТ ЕЛИКСИР НА ЖИВОТОТ Ги зајакнуваат коските и имунитетот и имаат антиканцероген потенцијал

Вклучувањето на шитаке печурките во секојдневната исхрана ќе овозможи ефикасно искористување на хранливите материи кои го зајакнуваат имунитетот, но и здравјето во целина.

241

Јапонците ги сметаат шитаке печурките за еликсир на здравје и долговечност.

Исто така, неколку истражувачки институции ја оценија оваа храна како здрава и исклучителна во спектарот на корисни својства за целокупното здравје.






Зошто шитаке печурките се корисни кога сме настинати?

И свежите и сувите печурки шитаке, како и шитаке во прав, содржат бета (β)-глукани, полисахариди кои помагаат во активирање на клетките на имунолошкиот систем и подобрување на имунитетот.

Една интересна студија се занимава токму со ефектот на шитаке печурките врз имунитетот и детално ги сугерира предностите во формирањето и зачувувањето на имунитетот кај помладите луѓе.

Познато е дека β-глуканите ги активираат имуните клетки и ја зголемуваат нивната способност да се борат против патогени како вируси и бактерии.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини