Шишенцата од вакцините не се кршат ни ако ги фрлите од зграда (ФОТО)

Станува збор за „горила“ стакло кое се користи во фармацевтската област - вели Стивен Фокс, аналитичар во компанијата.

533

Вработен во фармацевтска компанија се качил на третиот кат од зградата, држејќи стаклено шишенце во раката. Тој од таа висина го фрлил шишенцето на земјата, сакајќи да истражи колку е издржливо стаклото. Но, кога шишенцето паднало долу, воопшто не се скршило, пренесува Би-Би-Си.

– Шишенцето удри во земјата и скокна во воздухот – раскажал Роб Шаут, директор на компанијата „Корнинг“.

Тој е еден од изумителите на стаклото од кое се изработуваат шишенцата, а експериментот со фрлањето од третиот кат му го предложил муштерија кој сакал да ја тестира цврстината на стаклото.

Вработените во компанијата подоцна се обиделе повторно да го скршат шишенцето, но по неколку различни обиди направени во лабораторија, тие не успеале да го сторат тоа.

Инаку, компанијата „Корнинг“ изработува „горила“ стакла кои се користат за изработување супер отпорни екрани за паметни телефони. А сега, во време на пандемија со коронавирусот, оваа компанија изработува стаклени шишенца за фармацевтската индустрија, а кои се користат за складирање на вакцините против ковид-19.

– Станува збор за „горила“ стакло кое се користи во фармацевтската област – вели Стивен Фокс, аналитичар во компанијата.

Тој објаснува дека шишенцата се направени од валор стакло, бидејќи формата на шишенцата треба да биде робусна.

– Шишенцата можат многу брзо да се полнат, а тоа ја зголемува брзината на производството за 50 проценти. Тоа е потенцијално клучно својство кога на светот му се потребни милијарди дози вакцини за многу кратко време. Брзото полнење е овозможено поради способноста на шишенцата да истрпат голем механички притисок – потенцира Фокс.

Поврзани содржини