Ширела лажни вести за ковид-19: Јутјуб ја суспендира Скај њуз Австралија

375

Јутјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија (Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за ковид-19.

„Имаме јасна политика за лажните информации за ковид-19… за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот, кои можат да нанесат штета на светот“, се наведува во соопштението на ЈуТјуб.






Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на Јутјуб има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на ЈуТјуб објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикува властите за затворањето на Сиднеј.

Јутјуб има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од Јутјуб на почетокот на 2021 година.

Видео платформата Јутјуб е во сопственост на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google).

Поврзани содржини