ШИНЕЈД О’ КОНОР ПРВПАТ ГО НАПРАВИЛА ТОА НА 20 ГОДИНИ Пејачката ја откри потресната причина зошто ја бричела главата

Од моментот кога стана славна во доцните 80-ти, Шинејд имаше избричена глава, што беше реткост за жените во шоубизот.

1,417

Светот ја обиколи веста дека починала ирската пејачка Шинејд О’Конор, на 56 години. Луѓето ја паметат најмногу по нејзината легендарна обработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“, но и по нејзиниот препознатлив изглед. Од моментот кога стана славна во доцните 80-ти, Шинејд имаше избричена глава, што беше реткост за жените во шоубизот.

Некои мислеа дека тоа е нејзин заштитен знак, дека сака да се издвојува од другите, но Шинејд откри голем број шокантни причини зошто повеќе сака да биде ќелава. Имено, пејачката за првпат ја избричила главата на 20 години. Во емотивното интервју со телевизискиот психолог д-р Фил, таа изјави дека се одлучила на тој потег бидејќи не сакала да ја гледаат како „убава“.






Таа се плашела дека може да биде изложена на опасните намери на мажите ако ја сметаат за убава. Во говорот во 2017 година, Шинејд рекла дека нејзината сестра има убава црвена коса, но дека нивната мајка велела дека е грда и одвратна.

„И тогаш почна… Кога имав долга коса, таа нè претставуваше како нејзината прекрасна ќерка и нејзината грда ќерка. И затоа ја скратив косата. Не сакав да бидам убава. Беше опасно да се биде убава бидејќи ме малтретираа секаде каде што одев. Не сакав да бидам силувана или злоставувана, не сакав да се облекувам како девојче, не сакав да бидам убава“, рекла Шинејд.

Таквиот имиџ сакала да го задржи бидејќи сакала фокусот да биде на нејзиниот талент и музика, а не на нејзиниот изглед.

„Еднаш ме прашаа дали ќе ја пуштам косата долга и дали ќе носам кратки здолништа затоа што сакаа да ја продадат мојата сексуалност. Не го сакав тоа. Ако сакав да бидам успешна, сакав тоа да биде затоа што сум добра музичарка“, рекла Шинејд.

Таквиот стил стана дел од нејзиниот идентитет.

„Не се чувствував како себеси ако немав избричена глава“, рекла таа.

ФОТО: Јутјуб

 

 

 

Поврзани содржини