ШИНЕЈД О’КОНОР ПОЧИНАЛА ОД ПРИРОДНА СМРТ По седум месеци откриена причината

Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор починала од природна смрт, официјално објави судскиот вештак денеска, 9 јануари.

425

Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор починала од природна смрт, официјално објави судскиот вештак денеска.

„Ова потврдува дека г-ѓа О’Конор починала од природна смрт“, изјави портпаролот на судот на Саутварк за „Дејли мејл онлајн“.






Познатата ирска пејачка почина на 26 јули 2023 година на 56-годишна возраст. Музичката ѕвезда беше пронајдена во својот стан во југоисточен Лондон.

Детективите ја констатирале ненадејната смрт, а случајот до денеска се сметаше за сомнителен, пишува „Дејли мејл“.

Шинејд поседуваше моќен вокал, а стана позната ширум светот во 1990 година со нејзината потресна обработка на „Nothing Compares 2 U“, проследена со бројни нумери како „Troy“, „No man’s woman“ и други.

Една година пред нејзината смрт, Шинејд го ​​изгуби синот. На 17-годишна возраст, Шејн изврши самоубиство по бегството од болницата, поради што Шинејд беше целосно уништена.

Поврзани содржини