ШИЛЕГОВ ЖЕСТОКО ВО ФЕЈСБУК ТЕПАЧКА СО АПАСИЕВ „Ти фали хигиена да си во мое друштво“

Лидерот на Левица тврди дека Петар Шилегов со порака во инбокс го поканил во викендицата во Маврово. „Фала, ама не идам ја по крадени недвижнини. Нема лезет“, напиша Димитар Апасиев на Фејсбук.

24,015

Жестока полемика се води на социјалните мрежи, откако приврзаници на СДСМ, но и на ВМРО-ДПМНЕ, го обвинија лидерот на Левица, Димитар Апасиев, заминал на „луксузен одмор“ во Хургада во Египет.

Во кампањата се вклучи и Петре Шилегов, поранешниот градоначалник на Скопје. Откако тој во неколку поста го прозва, Димитар Апасиев во пост на Фејсбук објави каква порака му испратил Шилегов:






„Ми пишал Шилеџето у инбокс: – ‘Димитријо, пролетерчино, остај вмроидиве шо ти јадат коските, туку ти да дојдеш кај мене на ВИКЕНДИЦАТА у Маврово, скара една да завртиме’ (и ставил такви смајлиња).

Му вратив: – ‘Друже, на одмор сум, не сум видел. Фала, ама не идам ја по крадени недвижнини. Нема лезет. Мицко викни си го. Он е по скарата. И по другото. И еј, немој случајно паштети да сте јаделе. Да не ве мислам’ (и такви срцеца му стаив)“.

Петре Шилегов возврати со пост на Фејбук:

„Димче си се самопоканил да се дружи со мене. И тоа во Маврово. На скара. Офф лелеее!!!

Димче бе, основен услов за да било кој биде во мое друштво е да има основна хигиена. Физичка и ментална.

Значи, како прво, Димче, реновирај купатилото и избањај се (не мора да е сабота или недела).

За вторава (менталната) хигиена, стварно не знам како да ти помогнам. Пробај да не си лажго, демагог и да не лупаш глупости за почеток. Можеби ќе ти тргне. Ама можеби. Еве, на пример, раскажи ни како уште во 2015 на протести одеше со обезбедување!!! Можеби така ќе си го покажеш вистинското лице…

Ако успееш со менталната хигиена (ама стварно се сомневам), пази кога влагаш кај мене во двор во Маврово. Има отрови за змии, глодачи и кртови…“

Претходно, во пост на Фејсбук, Шилегов за Апасиев напиша:

„Проблемот е во политичкото лицемерие и демагогија кои со години ги пропагира дотичниот. Дека сите мораме да бидеме исти во неговото лудило, ама кога е он во прашање, да биде малку поист ако е можно. Демек, кога други одат на одмор (кај и да е) тоа е проблем, кога попива казна за непрописно паркирање, тоа е политички проблем, кога ЛАЖЕ дека е клошар тоа е ок, ама никој нема право да има имот, пошто дечкото имал несреќно детство…“

После оваа канонада од Шилегов, остан нејасно дали тој го поканил Апасиев во својата викендица во Маврово или не. На потег е лидерот на Левица.

Поврзани содржини