Шилегов за „аудио-бомбата“: Од ДПМНЕ-овски простотилук државата ни е на ова дереџе!

Прво, на фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор, напиша Шилегов на Фејсбук.

1,072

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се огласи на социјалните мрежи откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека поседува аудио доказ според кој градоначалникот Шилегов и директорот на депонијата „Дрисла“ Коста Начевски планираат купување на три нови џипа.

„Во врска со ‘големата сензација‘,  ‘аудио бомбата‘ на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје: Прво, на фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор. Второ, на фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење. Трето, вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ. Судете сами за ‘скандалот‘ и ‘бомбата‘. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и евтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе“, напиша Шилегов на Фејсбук.






Поврзани содржини