Согласно препораките на владата, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов информира дека погребалното претпријатие АД „Бутел“ го скратува престојувањето во капелите за погребалните церемонии од еден, на половина час.
– Почитувани, иако ова известување можеби звучи непријатно, заради емоциите кои секој од нас ги има кон своите блиски, Ве известувам дека согласно препораките на Владата, погребалното претпријатие АД „Бутел“ – Скопје, претстојувањето во капелите за погребалните церемонии го скратува од еден на половина час. После секој обред, секоја капела се дезинфицира. Чувајте го своето здравје со почитување на препораките – вели Шилегов.