Шилегов: Во новите згради кај Расадник нема да има 80.000, туку ќе има 8.000 жители

Градоначалникот исто така додаде дека Градот не се откажал од изградба на тунелите под Кале.

1,300

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители, бидејќи тоа ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.

– Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена – вели Шилегов.






Тој исто така додаде дека Градот не се откажал од изградба на тунелите под Кале.

– Не се откажуваме. За тунелот под Кале, не сум човек што импровизира. Подобро да изгубите време во проектирање и планирање за да имате квалитетна изведба. А, не да ви се случи Кичево-Охрид. Новиот тендер ќе биде распишан. Крајот на другата година очекувам да имаме спремен проект за да може да се распише тендер – вели Шилегов.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прашање поставено од гледач како комплексот кај Старата желеничка веќе е во финална фаза, а се уште не е изградена подземната сообраќајница позади Рамстор, одговори дека тоа што сега е изградено не е дел од комплексот Дајмонд на Лимак.

– За да може да се изгради комплексот на Лимак, Дајмонд, мора да биде изграден тунелот кој се копа и се работи. Она што го гледаат граѓаните на Стара Железничка е хотел кој не е предмет на договорот што градот Скопје го има склучено со компанијата Лимак туку е тоа посебен приватен аранжман од Камчев, го имаат хотелот и го доградуваат. За да може да се изгради комплексот на Лимак, мора да се изгради тунелот. Тунелот до крајот на 2023 треба да биде завршен. Според договорот, треба да се изгради тунелот, па врз него да се изгради комплексот – вели Шилегов.

Шилегов рече дека за да се добие битката со загаденоста на воздухот треба паралелно водење борба на повеќе фронтови.

– Имавме едно искуство во кое возевме со 50 отсто од капацитетите на јавниот превоз па потоа комисијата го смени протоколот и го зголеми на 75 проценти. Онаму каде што имаме проблем се појачуваат тие линии за да се избегне поголема гужва. ЈСП е претпријатие кое и покрај скромните материјални можности досега од буџет на Скопје е потпомогнат со 570 милиони денари, а досега бројот на патници е намален за 67 проценти во однос на октомври 2019 година – вели Шилегов.

Контролорите на ЈСП немаат механизам да предупредат човек кој не носи маска внатре во автобусот го исфрлат надвор бидејќи тој има платено карта. Со МВР е правена координирана акција за луѓето да знаат дека пред се кога се внатре во автобусот мора да носат маска. Граѓаните мора да сфатат дека носењето на маска е обврска веќе и да ја почитуваат сите.

– За борбата против загаденоста не е некоја која може да и најдете чаре. Таа е борба која се одвива на многу фронтови и да се одвива паралелно за да може да ја добиете битката, а тоа е намалување на бројот на загадени денови. Она што ми дава надеж е дека бројот на загадени денови во Скопје се намалува. Од кога сум градоначалник воведовме 27 мерки кои навидум не се атрактивни но даваат резултат. Од палењето на огнови на отворено, од субвенционирање на чистење на оџаци, инвертер клими, еколошките автобуси – истакна Шилегов.

Поврзани содржини