ШИЛЕГОВ ВЕТИ МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПЛАНЕТАРИУМОТ Градоначалникот ќе го реновира омиленото место на скопјани

Предвидовме и воведување на технолошки решенија за следење на самите предавања на повеќе јазици, вели Шилегов.

181

Актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, во кампањата пред вториот круг од локалните избори најави комплетно модернизирање на Планетариумот во МКЦ.

– Пред пандемијата Планетариумот функционираше во полн капацитет, со организирани посети на ученици од основните и средните училишта од целата држава. Покрај организираните посети на учениците, Планетариумот беше отворен за сите заинтересирани како и за специјализирани предавања за стручната јавност. Од 2018 година, Планетариумот во МКЦ работи со нов, динамичен тим на едукатори чии термини за предавања беа денови однапред резервирани. Во следните 4 години Скопје добива целосно обновен Планетариум кој преку своите дигитални и оптички можности, покрај едукација и проширување на знаењето за астрономијата, овозможува и презентации за океанографија, климатски промени и други значајни теми за Земјата и вселената – нагласи Шилегов.






Тој ги откри и сите новини што ќе бидат опфатени со модернизацијата на Планетариумот.

– Новиот Планетариум се опремува во целосна согласност со новите реформи за дигитализација во образованието, како и адаптација на факултативните едукативни содржини согласно најновите светски технологии. Затоа предвидовме и воведување на технолошки решенија за следење на самите предавања на повеќе јазици (македонски, албански, турски, ромски, англиски и др.). Ова е посебно важно за полесно разбирање и следење посебно кај најмладите посетители, но и отворање кон странските посетители и жители во нашата земја – потенцираше Шилегов.

Шилегов уште еднаш го побара гласот на своите сограѓани во пресрет на гласањето закажано за 31 октомври.

 

Поврзани содржини