ШИЛЕГОВ ТВРДИ ДЕКА Е ИЗЕДНАЧЕН СО АРСОВСКА Тој се надева на победа поради коалицискиот капацитет што го има

Актуелниот прв човек на градот се пофали дека како градоначалник има реализирано голем број проекти во интерес на граѓаните, како и дека се решени и се решаваат децениски проблеми напластени во градот, како и дека работеле за сите граѓани подеднакво и Скопје конечно стана единствен град.

1,552

Јас како и секогаш се потпирам на гласовите на граѓаните, одговори актуелниот градоначалник Петре Шилегов на новинарско прашање, дали и на чии гласови се надева во вториот круг, дали на Камиказа, на Бени Шаќири или на Ана Петровска.

– Вчера имавме успешен ден и празник на демократијата, им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање – рече актуелниот прв човек на Скопје.






Шилегов им се заблагодари на граѓаните кои гласаа во првиот изборен круг и порача дека во вториот круг со противкандидатката влегуваат изедначено.

– Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија – изјави Шилегов.

Тој се пофали дека како градоначалник има реализирано голем број проекти во интерес на граѓаните, како и дека се решени и се решаваат децениски проблеми напластени во градот, како и дека работеле за сите граѓани подеднакво и Скопје конечно стана единствен град.

– Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање во вториот круг масовно да излезат и да гласаат. Јас сум убеден дека поради ова, како и поради поголемиот коалициски капацитет во вториот изборен круг ќе извојуваме голема победа – рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали треба уште во првиот круг да и ја честита победата на кандидатката Данела Арсовска поради тоа што таа има сериозна предност, Шилегов одговори:

– Госпоѓа Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и ААА, а по анализа на резултатите таа го достигна истиот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имаше во Скопје на парламентарните избори. Коалицискиот капацитет што го имам јас, бидејќи е со граѓаните е многу поголем и поуспешен и верувам во победа во вториот круг од изборите.

 

Поврзани содржини
na