ШИЛЕГОВ СО ПОРАКА ДО СКОПЈАНИ Скопје тргна напред, сите кои го носите во срцето, излезете на избори!

Скопје од град во целосна стагнација, за кратко време конечно тргна напред. Со обединување на сите демократски сили, Скопје ќе расте во единствена коалиција, коалиција со граѓани коишто ќе учествуваат во сите важни проекти преку системот на директна демократија, рече Шилегов.

471

Во 12-те кандидати за градоначалници на Скопје за првиот круг од локалните избори, актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, виде слични развојни проекти, па им порачува на граѓаните да гласаат за него во вториот круг, за да го заврши она што го почнал.

– Од денес, започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака на сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива и дека она што го почнавме, треба да го завршиме. Дека Скопје мора да остане град на граѓаните – порача Шилегов на денешната прес-конференција.






Тој верува дека граѓаните препознале позитивна промена, дека го вреднуваат вложениот труд.

– Скопје од град во целосна стагнација, за кратко време конечно тргна напред. Со обединување на сите демократски сили, Скопје ќе расте во единствена коалиција, коалиција со граѓани коишто ќе учествуваат во сите важни проекти преку системот на директна демократија – рече Шилегов, порачувајќи дека тој како градоначалник ќе биде само еден од нив во донесувањето на одлуките.

Сите оние кои во првиот круг решиле од кои било причини да не излезат на гласање, Шилегов ги повикува на 31 октомври масовно да излезат и да гласаат.

Поврзани содржини